Капсулата „Орион“ на Земјата ќе падне в недела навечер, откако направи круг околу Месечината

Капсулата „Орион“ на Земјата ќе падне в недела навечер, откако направи круг околу Месечината

пред 2 години

Патувањето на капсулата на НАСА „орион“ откако направи полн круг околу Месечината, во недела треба да заврши и да падне во Пацифичкиот Океан. Мисијата на НАСА немаш астронаути, но планирано е до крајот на следната година да се реализира патување до Месечината со човечко присуство во капсулата.

dobivaj vesti na viber

Капсулата најблиску беше оддалечена 130 километри од површината на Месечината и на првиот пробен лет се тестираа маневри и системи кои подоцна ќе се користат во програмата „Артемис“.

„Артемис -3“ е најочекуваната мисија која по пет децении пауза треба да ги врати луѓето на Месечината, но се зависи од тестот кој го прави НАСА со капсулата „орион“.

„Орион“ беше лансиран од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида на 16 ноември и отиде 430.000 километри од Земјата, најдалеку што патувало едно летало дизајнирано да носи човечки екипаж. Инженерите сакаат да видат доказ дека леталото може да ја преживее жештината при повторното влегување во Земјината атмосфера. „Орион“ притоа ќе достигне брзина од 39.500 километри на час. Контролираниот пад покрај брегот на Калифорнија треба да се случи в недела вечер по македонско време.