Карате клубот „Макпетрол“ на државното првенство за сениори кое се одржа викендов во Скопје освои шест златни, пет сребрени и две бронзени медали.
Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.) станаа шампиони на Македонија.
На државното првенство сребро освоија Марија Петровска (-50 кг.), Јована Мицовска (-61 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.). Бронзени медали освоија Симона Заборска (-61 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).
Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатото и од прикажаните борби на сите членови на клубот, а според него, најважно е што тимот во текот на шампионатот повторно демонстрира модерно и врвно карате.