Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон, по победата на Новак Ѓоковиќ во финалето. Шпанецот по пет сета го победи Новак и му ја зема круната по четири последователни пехари во Лондон.
Во ткрата за ексклузива некои од медиумите ја дознаа неговата тајна за успех. Во интервју за шпанскиот „Радиоестадио“, Карлос откри дека два часа пред секој меч имал рехабилитациона дремка.
Познато е дека дневната дремка од 20 до 30 минути има голема моќ на регенерација на личноста која вежба, а Карлос откри дека сега тоа го прави постојано, точно два часа пред секој натпревар. Призна дека тоа го направил и на денот на финалето со Ѓоковиќ.
„Тогаш задремав малку. Вистина е. Дури и ако го играте најважниот натпревар во вашиот живот, мора да се следат рутините“, рече Карлос кој минатата година по освојувањето на Мастерсот во Мајами откри дека во својата рутина вклучил 20-минутна дремка.
Таа година Хуанхо Лопез, неговиот личен лекар инсистирал да ги има овие рехабилитациони дремки.
„Дремките траат околу 20 до 30 минути и Карлитос ги има два часа пред мечот. Ова ја зголемува концентрацијата и ги подобрува физичките и интелектуалните перформанси на играчите“, рече докторот.
Интересно е што оваа дремка од 20 до 30 минути ја користи и Кристијано Роналдо, дури пет пати во текот на денот, а резултатите се очигледни и за него и за Алкараз.
За потсетување, и пред дебито на завршниот Мастерс во Торино против Холгер Руне во 2021 година, Алкараз беше виден како мирно дреме покрај своите рекети.