Атлетичарот Карстен Вархолм (25) од Норвешка го надмина својот претходен светски рекорд и освои злато на Олимписките игри во Токио, на 400 метри со пречки. Тој стигна на целта за 45,94 секунди, со што за дури 76 стотинки го подобри времето остварено пред еден месец, кога надмина рекорд стар 29 години, направен на ОИ во Барселона.
Рај Бенџамин од САД заврши на второто место, истрчувајќи под времето на досегашниот светски рекорд. Додека бронзен медал освои Алисон дос Сантос од Бразил.
„Не ми се верува за времето, многу е брзо! Долго време се прашував што е совршена трка. Мислев дека не постои, но ова е најблиску што некогаш ќе бидам до тоа. Ова е единственото нешто што ми недостигаше. Не можам да опишам колку ми е важно ова“, рече Вархолм кој е светски шампион во оваа дисциплина од 2017 и 2019 година, во меѓувреме закитувајќи се и со европско злато.
Минатиот месец тој изјави дека е можен нов светски рекорд во Токио, по митингот во Осло.