Касилјас повторно во болница поради проблеми со срцето

Касилјас повторно во болница поради проблеми со срцето

пред 3 години

Поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто, Икер Касилјас, повторно има проблеми со срцето поради што бил примен во болница.

Според шпанските медиуми, легендарниот голман минатата недела, поради силни болки во градите, бил примен во болница во Мадрид. Тој играл тенис со пријателите кога забележал дека срцето забрзано му чука, па веднаш отишол на лекар. Направени му се испитувања кои ја исклучиле можноста од нов срцев удар. Касилјас е пуштен на домашно лекување, но лекарите му рекле да биде внимателен.

Касилјас доживеа срцев удар на 1 мај 2019 година за време на тренинг на Порто по што беше принуден да ја заврши долгогодишната кариера.

Дресот на Реал Мадрид го носеше на 510 меча, а за Порто настапи на 116 натпревари.

Share
Scroll to Top