Кафе-муабет со Златко Јовановски: Само јас сум битен и кога шетам дома во пењоар

Кафе-муабет со Златко Јовановски: Само јас сум битен и кога шетам дома во пењоар

пред 3 години

Вообичаено денот ми почнува околу 8 часот. Освен неколку чекори за нега на лице, друг специјален ритуал наутро немам. Потоа пијам кафе. Првото кафе секогаш сакам да го испијам сам. Избирам силно кафе со малку млеко.

Викенд утрата не ми се нешто поразлични од другите утра, бидејќи јас никогаш не сум работел во некоја државна инситуција или гигантска компанија па за викендите и празниците да сум слободен. Јас сум дизајнер, па ако има работа – работам. Ако не – наоѓам работа. Мене ме нервира излежувањето во кревет, па повеќе сакам наместо свиткан во јоргани, да пијам кафе во облечен во мојот пењоар и да скролам на телефон.

Утринското расположение ми влијае до пладне. Ако и по 12 часот не се расположам, тогаш цел ден може да сум напнат. А кога сум нервозен, најчесто си велам на себе дека ако некој проблем ми е даден мене, тогаш тој проблем ќе морам јас да го средам, бидејќи во тој момент јас сум предодреден за тоа.

И секогаш ме води позитивна мисла: Само јас сум битен, а ако нема среќен крај, тогаш не е крај.

 

Share
Scroll to Top