Реалната ѕвезда и инфлуенсерка Кајли Џенер и раперот Тревис Скот објавија дека нивниот син, кој има 11 месеци, од сега место Волф ќе се вика Ер. Двајцата рекоа дека успеале и законски да ги средат работите за да му го сменат името. Споделија и неколку фотографии од него.
За потсетување, Џенер и Скот прво го крстија синот Волф Вебстер, но Кајли во март рече дека одлучиле да му го сменат.
„Само да знаете нашиот син повеќе не се вика Волф. Чувствувавме дека не му стои тоа име. Само сакав тоа да го споделам со сите вас, затоа што гледам секаде го пишуваат со Волф“, им рече Џенер на фановите.