Кајли Џенер се криела дур поминувала покрај жртвите на концертот на Травис Скот, кој сега се соочува со неколку тужби

пред 2 години

Американскиот рапер Тревис Скот се соочува со повеќе тужби откако најмалку осум лица загинаа, а стотици беа повредени во стампедо од фанови на неговиот концерт „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас, пренесуваат странските медиуми.

Во тужбите се наведува дека Скот и ненајавениот изведувач Дрејк ја поттикнале публиката, но и дека концертниот продуцент „Лајф нејшн“ не обезбедил соодветни безбедносни мерки. Никој од обвинетите не одговори директно на ваквите наводи.

Скот рече дека ќе обезбеди помош за семејствата на жртвите.

Девојката на Скот, пак, ријалити ѕвездата Кајли Џенер се соочува со обвинувања во јавноста дека лажела во врска со концертот. Таа по инцидентот објави Инстаграм стори во кое образложи дека не била свесна што точно се случува и дека дознала за трагедијата по завршувањето на концертот.

Сепак, дел од очевидците тврдат дека во целиот хаос ја виделе Кајли со нејзината сестра, топмоделот Кендал, кои се обиделе да го сокријат идентитетот додека поминувале покрај телата на жртвите.

„Кендал и Кајли околу себе имаа шест телохранители. Откако се случи трагедијата, сестрите поминаа покрај телата на настраданите и луѓето кои ги реанимираа. Ги спуштија главите и се трудеа никој да не им ги види лицата и се покрија за никој да не ја види нивната реакција. Носеа маски и качулки. Еден маж беше изнесен со носилка пред нив“, раскажал извор за британските медиуми.

 

Share
Scroll to Top