Кајли Џенер ќе стане мајка по вторпат

Кајли Џенер ќе стане мајка по вторпат

пред 3 години

Американскиот модел Кајли Џенер (24) е бремена и очекува второто дете со раперот Травис Скот, пренесуваат странските медиуми.

Парот веќе ја има ќерката Сторми (3), а Џенер отворено во неколку наврати напомена дека би сакала проширување на семејството.

„Едвај чекам да имам уште едно бебе. Дефинитивно ќе имам четири деца, но немам временско ограничување“, изјави таа во една прилика.

За време на пренесот во живо на Инстаграм, бројот на посакувани деца, пак, го зголеми на седум.

„Сакам седум деца, но не сега. Бременоста не е шега. Тоа е сериозна работа и е многу тешко. Сè уште не сум подготвена за друго дете“.

Џенер и Скот се во врска од 2017 година, а првата бременост ја помина во тајност, објавувајќи дека станала мајка неколку дена по пораѓањето. Тие често раскинуваа, па оваа бременост ги изненади многумина.

„Тој е мојот најдобар пријател. Се координираме околу Сторми цело ова време“, рече таа за него.

Џенер неодамна беше прогласена за една од најбогатите жени во светот.

Share
Scroll to Top