Квентин Тарантино доби второ дете со 20 години помладата сопруга

Квентин Тарантино доби второ дете со 20 години помладата сопруга

пред 2 години

Американскиот режисер Квентин Тарантино (59) доби второ дете со 20 години помладата сопруга, пејачката Даниела Пик (38). Таа викендот роди девојче, две години откако го роди нивниот син Лео.

dobivaj vesti na viber

„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство соопштуваат дека Даниела на 2 јули го роди нивното девојче, помладата сестра на Лео, нивното прво дете“, изјави претставник на парот за магазинот „Пипл“.

Даниела е ќерка на израелскиот пејач и текстописец Звика Пик, а парот се запознал во 2009 година кога режисерот го претстави филмот Inglourious Basterds во Израел. Тие се верија во 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top