Култниот американски режисер Квентин Тарантино рече дека на есен ќе го сними својот десетти и последен филм во неговата кариера. Додаде и дека веќе завршил со сценариото.
„Треба да се случи на есен. Сите гласини кои се шират за овој филм се сасмо претпоставки. Името на филмот е The Movi Critic и го отсликува времето во 1977 година“, рече Тарантино и додаде дека филмот не е посветен на новинарот и филмски критичар Полин Кејл и дека не е нејзин биографски филм, како што некои од медиумите објавија.
Тој веќе ѝ оддаде почит на американската кинематографија од доцните 60-ти и раните 70-ти во неговиот најнов и деветти филм од 2019 година, „Беше еднаш во Холивуд“.