Кевин Костнер наводно една година е во врска со 32 години помлада инфлуенсерка

Кевин Костнер наводно една година е во врска со 32 години помлада инфлуенсерка

пред 3 часа

Љубовниот живот на Кевин Костнер повторно го привлече вниманието на јавноста. Нови информации тврдат дека 71-годишниот актер веќе околу една година се гледа со 39-годишната инфлуенсерка и креаторка на содржини Мекена Весли.

Весли, која на социјалните мрежи е позната како „The Bubbly Blonde“, живее во Аризона и објавува содржини поврзани со животниот стил.

Костнер и Весли биле фотографирани заедно во октомври 2025 година, кога присуствувале на проекција на филмот „Field of Dreams“ на стадионот во Скотсдејл, родниот град на инфлуенсерката.

Проекцијата била организирана по завршувањето на првенствениот натпревар од шестото издание на турнирот „Western Wiffle Ball Classic“, а домаќин на настанот бил токму Костнер.

Извор за „Page Six“ тврди дека Весли во повеќе наврати била гостинка во имотите на актерот во Санта Барбара и Аспен.

Двајцата биле забележани заедно и во август, кога ручале во ресторан во Санта Барбара. Фотографија од нивната средба била објавена на Инстаграм од локална жителка.

Според друг извор, Костнер и Весли се запознале во Скотсдејл пред околу една година, а една од работите што ги поврзала била заедничката љубов кон голфот.

Претставник на Весли не сакал да ја потврди или демантира наводната врска.

„Мекена не сака да го коментира својот однос со господинот Костнер“, било соопштено во нејзино име.

Претставниците на актерот, пак, не одговориле на барањата за коментар.

Костнер во последните месеци беше поврзуван со уште неколку жени. Неодамна беше забележан во друштво на 40-годишната Џенифер Милбурн, со која, според очевидци, делувал мошне близок. По разводот тој поминувал време и со Кели Нунан Горес.

Ѕвездата на „Yellowstone“ поседува повеќе луксузни имоти. Меѓу нив е ранчот „Dunbar“ во Аспен, планински имот од околу 160 хектари со приватни езера и повеќе куќи, како и крајбрежниот комплекс во Карпинтерија, Калифорнија, со директен пристап до плажа и поглед кон Тихиот Океан.

Добитникот на два Оскари претходно беше во брак со Синди Силва и Кристин Баумгартнер, од која се разведе во 2024 година. Тој има и син со Бриџит Руни, а во минатото беше поврзуван со познати жени како Ел Мекферсон и пејачката Џуел.

Засега ниту Костнер ниту Весли јавно не ја потврдиле природата на нивниот однос.

Share
Scroll to Top