Холивудскиот глумец Кевин Костнер остана бездомник и покрај предбрачниот договор кој го имаше со бившата сопруга Кристин. Како што пренесуваат светските медиуми, Кристин не сакала да се исели од семејниот дом, па дури од судот побарала и забрана за приближување.
„Дејли Мејл“ дојоде до судски документи во кои е наведено дека адвокатите на Костнер понудиле повеќе различни решенија, но Кристин не сакала да се исели од куќата. Актерот иако има милиони на сметка, сега тврди дека е бездомник.
„Ова ме изненади, но и обесхрабри. актер. Бевме во брак, а по разводот повеќе немам дом, затоа што во мојот повеќе не можам да живеам“, рече Костнер.
За потсетување, неговото богатство се проценува на 250 милиони долари, а пред венчавката потпишале предбрачен договор во кој стои дека во случај на развод, Кристин ќе треба да се исели од куќата, додека Кевин треба да ѝ даде 1,2 милиони долари за нов дом.