Кендис Овенс ја исмеа Меган Маркл за тврдењата за расизам

Кендис Овенс ја исмеа Меган Маркл за тврдењата за расизам

пред 4 години

Контроверзната конзервативка Кендис Овенс ја исмеа Меган Маркл за тврдењата дека син ѝ бил жртва на расизам нарекувајќи ја војвотката типичен левичарски нарцис.

„Ако сте виделе фотографија од Арчи и верувате дека претрпел антицрнечки расизам, тогаш јас сум нигериски принц и дајте ми податоци за вашата кредитна картичка“, му рече таа на Шон Ханити, водителот на „Фокс њуз“ во средата.

„Толку е смешно“, инсистира Овенс, која неодамна навести можна претседателска трка за 2024 година.

Овенс (31) била особено огорчена што војвотката од Сасекс наводно поднела формална жалба за ТВ-водителот Пирс Морган, што на крајот довело до тоа поранешниот водител на Си-ен-ен да ја изгуби работата.

„Нејзиниот телефонски повик за да го замолчат неговиот глас затоа што не е задоволна од печатот… таа е типичен левичарски нарцисоид“, рече Овенс во емисијата.

„Ова навистина нема врска со кралското семејство, туку со левичарскиот прогресив во Холивуд“, се пожали таа велејќи дека сега станува збор за клише за означување на што било со историја како расистичко.

Share
Scroll to Top