Онесмус Киплимо Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот виз ер маратон 2022, кој денеска се одржа на улиците во Скопје.
Кениецот патеката долга 42 километри ја мина со време од 2:18:19 часа, најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски заврши на втората позиција. На третото место уште еден Македонец, Никола Илиевски.
Кетрин Черотич од Кенија славеше во женска конкуренција со време од 2:38:48 часа, а второто место го освои нашата атлетичарка Биљана Кираџиева.
Во полумаратон во женска конкуренција славеше Адријана Поп Арсова, пред Греса Бакрачи од Косово и Македонката Миљана Ристиќ.
На машкиот полумаратон триумфираше македонскиот атлетичар Жан Тошев, втор беше Иван Пешовски, а трет Атанас Анчевски.