Кети Пери и Орландо Блум завршија на суд, ветеранот кој им ја продаде куќата за 15 милиони вели дека бил нездрав кога го потпишал договорот

Кети Пери и Орландо Блум завршија на суд, ветеранот кој им ја продаде куќата за 15 милиони вели дека бил нездрав кога го потпишал договорот

пред 9 месеци

Осумдесет и тригодишен ветеран тврди дека бил нездрав кога им го продал домот на американската пејачка Кејти Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум во Санта Барбара за 15 милиони долари. Тројцата сега ќе одат на суд за да ја разрешат целата ситуација, пишува „Дејли Мејл“.

Судскиот спор беше започнат пред три години, по продажбата на куќата во јули 2020 година. Неколку дена пред да биде потпишан договорот, Карл Весток бил отпуштен од болница каде му била направена операција на грбот. Тој е ветеран на американската армија, кој боледува од Хантингтонова болест.

Рече дека сватил што направил откако престанало дејството на лековите против болки. Сфатил што направил и побарал раскинување на договорот. Адвокатот на Пери и Блум рече дека процесот на продажба мора да продолжи и се закани дека во спротивно неговите клиенти ќе тужат.

Весток се вселил во куќата само два месеци пред продажбата. Куќата наводно ја купил во мај. Имал желба да остане таму до крајот на животот. Сега се обидува да го поништу договорот затоа што тврди дека немал ментален капацитет да ја разбере природата од тоа што го направил и нејзините последици,

Рече дека никогаш не го навел својот имот ниту разговарал со агент за недвижности за продажба на резиденцијата која има осум спални и 11 бањи. Светските медиуми пренесоа дека нема да се појави на судењето, бидејќи болеста го онеспособила ментално и до крајот на животот ќе го мине во кревет.

Семејството рече дека ќе ја продолжи правната битка за контрола на имотот на нивниот татко, кој е вреден 15 милиони долари. За потсетување, Пери и Блум се заедно од 2016 година, а се верија три години подоцна. Во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дов. Претходно Блум беше со моделот Миранда Кир.

Заедно беа од 2010 до 2013 година, а во тоа време го добија синот Флин.

 

 

Share
Scroll to Top