Кејти Холмс чека дете со новиот дечко

Кејти Холмс чека дете со новиот дечко

пред 3 години

Глумицата Кејти Холмс чека дете со новиот дечко, пишуваат светските таблоиди. Кејти веќе некое време е заљубена во нејзиниот осум години помлад дечко и готвач Емилио Витоло.

Таа не крие дека ужива во секој момент поминат со него. Двајцата неколку пати се снимени во јавност како разменуваат нежности, а сега во јавноста се шушка дека и планираат да влезат во брак. National Enquirer оди и еден чекор понатаму, тврдејќи дека глумицата е бремена.

Според неговите пишувања, двојката очекува девојче. Нејзината ќерка Сури, наскоро ќе добие сестра, открива извор близок до двојката.

„Сури е воодушевена со среќните вести. Со години ја молеше мајка ѝ да и подари помала сестричка“, открива изворот.

Засега Кејт и Емилио се немаат огласено по повод ваквите вести.

 

  

Share
Scroll to Top