Кејт Мидлтон и оддаде почит на кралицата со емотивна честитка: Божиќ повеќе нема да биде ист

Кејт Мидлтон и оддаде почит на кралицата со емотивна честитка: Божиќ повеќе нема да биде ист

пред 1 година

Кејт Мидлтон и оддаде почит на кралицата Елизабета во емотивна честитка на божиќната миса во Вестминстерската опатија. Принцезата од Велс, кажа како покојната кралица ги зближила луѓето и инспирирала многумина.

„Нејзиното височество го носеше Божиќ во своето срце. На сите ни покажа како изгледаат емпатијата и сочувството и секогаш не потсетуваше на важноста на надежта, семејството и пријателството. Решивме да го посветиме овој концерт на кралицата Елизабета и на сите оние кои повеќе не се меѓу нас. Божиќ нема да биде ист без неа“, изјавила Кејт.

На традиционалниот концерт присуствуваа сите членови на кралското семејство, вклучувајќи го и кралот Чарлс Трети, неговата сопруга кралицата Камила, принцот Вилијам, принцот Џорџ  и принцезата Шарлот.

Божиќното дрво на концертот, беше украсено со разнобојни лампиони и плишаното мече Падигтон, кој е своевиден британски симбол бидејќи кралицата глумеше со него во двеипол минутнао видео на Би-Би-Си.

„Во пресрет на нашите гости, ги славиме оние кои повеќе не се со нас и оддаваме почит на нејзиното покојно височество Кралицата“, пишува во описот на објавата.

Share
Scroll to Top