Принцезата Шарлот наполни седум години. Нејзините родители Вилијам и Кејт споделија три портрети од Шарлот, а роденденот на принцезата беше прославен вчера.
Еден од портретите на Шарлот е со нејзиното милениче кучето Игл, од расата кокер шпаниел што досега не е видено во јавноста.
На сите фотографии славеничката принцеза се смее, опкружена со цвеќиња, облечена во син џемпер, а долгата коса и паѓа преку рамениците.
Ова е прв пат од август минатата година војводата и војвотката од Кембриџ да споделат фотографија само од Шарлот.
Кралските портрети на Шарлот ги направи нејзината мајка, Кејт Мидлтон.
Портретите од Шарлот беа направени во Норфолк овој викенд од Кејт, која штотуку ја прослави 11-годишнината од бракот со Вилијам во петокот.
Малата принцеза и нејзиниот голем брат принцот Џорџ го посетуваат приватното училиште Томас Батерси во Лондон кое чини 30.000 долари годишно. Шарлот, која учи балет и се занимава со јавање во селската куќа на семејството во Норфолк.
Малата принцеза, пак, имаше многу задачи оваа пролет – отиде на две многу свечени миси со нејзиниот постар брат принцот Џорџ, на почетокот на април за нивниот покоен прадедо Филип, а потоа и на традиционалната велигденска миса.