Кејт Мидлтон не е видена во јавност веќе 60 дена, а британските таблоиди шпекулираат дека војвотката не излегува затоа што е бремена. Таа последен пат е видена на 11 јули кога се појави на финалето на Европското првенство во фудбал со Вилијам и синот Џорџ.
Оттогаш никој ја нема видено во јавност, па многумина сметаат дека тоа е затоа што таа и Вилијам чекаат уште едно бебе. Има и такви кои не веруваат во ова и сметаат дека Кејт е оправдано отсутна заради стресот кој го доживеала пред сè поради Хари и Меган.
Тие велат дека и обврските околу поаѓањето на нејзините деца во школо, но и преселувањето во замокот Виндѕор исто така дополнително го згуснал нејзиниот распоред.
Сепак повеќето се убедени дека таа е бремена и велат дека тоа е многу поверојатно, ако се земе во предвид нејзината претходна бременост и проблемите кои таа ги имала со желудникот.
„Кејт веројатно е во рана бременост и дека сега има мачнини поради кои не излегува од дома“, велат некои од нив.
На некои постари фотографии Кејт може да се види дека има пуштено стомак, па и тоа многумина го протолкуваа како можност дека сопругата на принцот Вилијам чека уште едно бебе. Кејт не објавила ниту една фотографија на Инстаграм од 6 август.
Последната и е кога била во посетата на неколку преживеани жртви од Холокаустот, но, многумина веруваат дека и оваа фотографија е постара и дека е направена уште во јануари годинава.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Галерија) Накова дочека да ги покаже тангите на Халкидики
(Фото) Рудар откако завршил со смена на работа одма го однел синот на кошарка, не се истуширал за да не пропуштат од натпреварот
(Видео) Карди Би ги изненади сите со тетоважа на лицето
(Видео) Eчи „Земјо Македонска“, радости во соблекувалната
Се отвора „Дино парк“ во скопската ЗОО
(Фото) Џеј Ло со свршеникот и ќерките на ручек во Мајами
