Американската ѕвезда Ким Каршдаијан по линијата за долна облека и шминки лансираше и нов бренд, канти за ѓубре кои се продаваат по цена од 129 долари. Покрај кантата има и асортиман од четири различни производи кои ќе ги има во продавниците од 16 октомври.
Во комплетот се вклучени бетонска корпа за отпадоци од 129 долари, кутија од бетон од 89 долари, два контејнери за складирање бетон од 69 долари и 65 долари и бетонски послужавник од 65 долари. Цената на целиот комплет, со попуст е 355, а без 417 долари.