Ким Кардашијан ослабела седум килограми за да го облече фустанот на Мерлин Монро на Мет Гала

Ким Кардашијан ослабела седум килограми за да го облече фустанот на Мерлин Монро на Мет Гала

пред 3 години

Ким Кардашијан морала да ослабе 7 килограми за да го облече фустанот на Мерлин Монро кој го носеше на Мет Гала. Тоа е фустанот во кој Мерлин му ја отпеа роденденската песна на Џон Кенеди пред 60 годни во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Кардашијан раскажува дека морала да одговори на предизвикот за три недели да ослабе седум килограми со што не внесувала јаглехидрати и шеќери, пренесува People.

Фустанот е дизајн на Жан Луј, кој беше купен од музејот „Верувале или не на Рипли“ во Орландо во 2016 година за 4,81 милион долари. Оригинално чинел 12.000 долари и во историјата остана познат како фустанот „Среќен роденден, господине претседателе“.

Оваа годиниа хуманитарниот настан Мет гала беше посетен од над 400 имиња од светот на филмот, музиката, спортот и модата. Темата на ова случување беше „позлатен гламур“, што беше асоцијација на економскиот бум на Америка на крајот на 19. век.

Share
Scroll to Top