Реалити ѕвездата Ким Кардашијан треба да плати казна од 1,26 милиони долари на Комисијата за хартии од вредност за покривање на граѓански тужби откако промовираше крипто сопствеништво, Етириум Макс на Инстаграм.
Комисијата ја обвини Карадашијан бидејќи не открила дека и биле платени 250.000 долари за објава на Инстаграм. Покрај плаќањето на казната, таа се согласи да соработува и со истрагата која е во тек.
„Овој случај е потсетник дека кога познати личности или влијателни лица ги поддржуваат можностите за инвестирање, вклучително и хартии од вредност со крипто-средства, тоа не значи дека тие инвестициски производи се соодветни за сите инвеститори.Ги охрабруваме инвеститорите да ги земат предвид потенцијалните ризици и можностите за инвестирање во светло на нивните сопствени финансиски цели“, рекол претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Гери Генслер.
Кардашијан, исто така, се согласи да не промовира никакви крипто хартии од вредност три години.
„Г-ѓа Кардашијан е задоволна што го реши ова прашање со Комисијата. Кардашијан целосно соработуваше со нив од самиот почеток и останува подготвена да направи се што може за да и помогне во ова прашање. Таа сакаше да го остави ова зад себе за да избегне долготрајна спор. Договорот што го постигна дозволува таа да го стори тоа за да може да продолжи со нејзините многу различни деловни активности“, се вели во соопштението од нејзинте адвокати.
КХВ утврди дека Кардашијан ја прекршила одредбата против рекламирање на федералните закони за хартии од вредност. Кардашијан се согласи со наредбата без да ги признае или негира наодите.
Во објава на Инстаграм од 13 јуни 2021 година, Кардашијан напиша:
„Дали сте за криптовалути? Ова не е финансиски совет, туку споделување на она што моите пријатели ми го кажаа за Етириум Мак Токен“, напиша Кардашијан.