Ким Џонг-ун нареди сите што се викаат како ќерка му да си ги сменат имињата

Ким Џонг-ун нареди сите што се викаат како ќерка му да си ги сменат имињата

пред 2 години

Севернокорејскиот лидер и диктатор Ким Џонг-ун испрати наредба во земјата до сите истоименици на неговата ќерка Ким Џу-ае веднаш да ги променат имињата.

Медиумите од Северна Кореја јавуваат дека властите во земјата ги повикале луѓето со исто име како десетгодишната ќерка на Ким Џу-аее да ги променат имињата што е можно поскоро, пренесува Радио Слободна Азија.

Администрацијата на локалната власт, исто така, ќе ја прегледа евиденцијата и поединечно ќе ги покани сите лица со тоа име за да ги променат.

Во последниве месеци, државните медиуми ја прикажуваа Ким Џу-ае како го придружува нејзиниот татко на големи настани, што ги поттикна шпекулациите дека таа би можела да биде следната која ќе ја води земјата.

Нејзиното име се уште не е официјално откриено во јавноста. Наместо тоа, државните медиуми ја нарекуваат „благородно дете“, „почитувано дете“ или „саканата ќерка“.

Извори во Северна Кореја рекоа дека владата сега го принудува секој по име Џу-ае да го промени, само потврдувајќи дека Џу-ае е името на ќерката на Ким Џонг-ун и дека таа најверојатно ќе има важна улога во земјата.

Ким Џонг-ун слични потези направи и порано кога нареди да се сменат сите истоименици на неговата сопруга Сол-Џу. Тој исто така забрани во Северна Кореја да има истоименици како него Џонг-ун.

Share
Scroll to Top