Кина и Русија заговараат заедничко истражување на вселената

Кина и Русија заговараат заедничко истражување на вселената

пред 3 години

Руската државна вселенска компанија „Роскосмос“ е во преговори со колегите од Кина околу заедничко истражување на вселесната. Двете страниги одредуваат научните задачи на вселенската станица и околу техничките аспекти на имплементација на проектот.

Генералниот директор за меѓународна соработка на „Роскосмос“, Сергеј Савељев, за „ТАСС“, изјавил дека во тек се преговори кои имаат за цел да ги утврдат задачите за истражување на Месечината кои треба да бидат од обостран интерес.

Додека не биде постигнат договорот со кинеските партнери и додека не биде формиран релевантна правна рамка за сорабка, рано е да се зборува за ангажирање на одредени земји и организација, истакна Саваљев.

Сите прашањ за соработка на руските и кинеските експерти се разгледуваат во рамки на специјални работни групи. Портпаролот на Кинеската национална вселенска администрација претходно изјавил дека Кина ќе продолжи со истражување на Месечината.

Земјата очекува да се здружи со Русија за да заедно ги имплементираат проектите во врска со тоа. „Роскосмос“ и Кинеската национална вселенска администрација во ноември 2017 година, потпишаа програма за вселенска соработка за периодот од 2018 до 2022 година.

 

 

Share
Scroll to Top