Кина не им одобри визи и влез во земјата на научниците од СЗО кои треба да го утврдат потеклото на коронавирусот

Кина не им одобри визи и влез во земјата на научниците од СЗО кои треба да го утврдат потеклото на коронавирусот

пред 3 години

Екипата на Светската здравствена организација СЗО, задолжена за истрага на потеклото на пандемијата на ковид 19 во Кина, не ги доби потребните одобрувања за влез во земјата, изјавил во вторникот, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус.

„Дознавме дека кинеските официјални лица, не ги подготвија потребните одобрувања за влез на екипата во Кина“, изјавил Геберјесус, додавајќи дека бил крајно разочаран поради ваквата одлука.

„Многу сум разочаран, затоа што два члена веќе тргнаа на пат, а другите не можеа да отпатуваат во последен момент“, додал тој, посочувајќи го Пекинг за одговорен за ваквата ситуација.

„Контактирав со високи кинески официјални претставници и повторно им дадов до знаење дека мисијата мора да има приоритет за СЗО и меѓународната заедница“, додал тој и изјавил дека со нетрпение го чека почетокот на мисијата во најкраток можен рок.

Шефот за итните здравствени случаи во СЗО, Мајкл Рајан објаснил дека проблемот поради кој експертите не можеле да влезат во Кина е настанат поради неможноста да ги добијат потребните визи.

„Се надеваме дека се работи само за логистика и бирократски проблем кој може брзо да се реши“, изјавил тој и објаснил дека еден од двајцата експерти морал да се врати, а другиот ги чека во трета земја.

Кина денеска потврди дека преговара со одговорните во Светска здравствена организација за датумот и планот за посета на меѓународните експерти кои треба да го истражат потеклото на вирусот.

„Кинескиот став за истражување на потеклото на пандемијата секогаш бил отворен и одговорен“, изјавила портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Чунјинг нагласи дека веројатно дошло до недоразбирање и дека нема да има никаква потреба за да се продлабочи ова прашање.

„Проблемот со потеклото на вирусот е многу сложен. За да обезбедиме успешна работа на меѓународната експертска група во Кина и за да се извршат потребните процедури, двете страни мора уште да разговараат за тоа“, посочи Хуа.

Пред повеќе од година дена првиот случаи на коронавирус се откриени во подрачјето на градот Вухан, а десет еминентни експерти кои ги има одбрано СЗО, треба да патуваат во Кина, за да се обидат да го октријат потеклото на вирусот, односно да утврдат како истиот преминал на човекот.

Ваквата посета е крајно чувствителна за кинеските власти и тие натојуваат да избегнат било каква одговорност за пандемијата која однесе повеќе од 1,8 милиони животи во светот.

Share
Scroll to Top