Кире Лазаров е најдобар десен бек на деценијата

Кире Лазаров е најдобар десен бек на деценијата

пред 3 години

Македонскиот капитен Кире Лазаров, и ракометар на Нант, е избран за најдобар десен бек на деценијата според интернет-страницата „Хендбол планет“. Во анкетата, тој освои 67% од вкупните гласови, односно 6.400 гласа. Кире ги победи Ласло Наѓ (23%,т.е 2179 гласа) и Алекс Душебаев (10%, 997 гласа). Тој доби и најмногу гласови од жирито, вкупно 34.

За најдобар ракометар во последната деценија е избран францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ. Тимур Дибиров е прогласен за најдобро лево крило, а на листата најдобри ракометари на деценијата се најде и поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик.

Тимот на деценијата според анкетата на „Хендбол планет“:

Лево крило на декадата: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек на декадата: Микел Хансен (ПСЖ)
Плејмејкер на декадата: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек на декадата: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило на декадата: Лук Абало (Елверум)
Голман на декадата: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот на декадата: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец на декадата: Виран Морос (ПСЖ)

 

Share
Scroll to Top