Кире Лазаров е нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Кире Лазаров е нов селектор на македонската ракометна репрезентација

пред 4 години

Ракометната федерација на Македонија го назначи Кире Лазаров за нов селектор на македонската ракометна репрезентација. На вчерашниот управен одбор, РФМ, реши нашиот  најдобар ракометар да ја води селекцијата, иако неговата кариера уште не е завршена.

„Чест и задоволство ми е да соопштам дека РФМ се договори наш нов селектор да биде човекот кој има направено најмногу за македонскиот ракомет, најдобриот ракометар во историјата на Македонија, Кирил Лазаров. Се договоривме со Кире Лазаров тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор.“, рече Мукаетов.

Исто така, ќе остане праксата селекторот да биде одоговрен и за останатите возрасни селекции, во младинските категории. Лазаров соопшти дека дополнително ќе го одреди и објави својот стручен тим, а планира да објави и широк список со 35 играчи, со цел да ја зголемеме базата на репрезентативци.

„Сакам да се заблагорам на претседателот и УО за поддршката , па без размислување го прифатив овој предизвик за мене. Македонија не сум ја одбил, така и во оваа ситуација. Не очекува голема одговорност, работи кои заедно ќе ги направиме. Се надевам на успешна и долгорочна соработка во иднина“, рече Лазаров.

Тој ќе дебитира на клупата на репрезентација веќе во март, кога не очекува двомеч со Данска во квалификациите за ЕП.

Share
Scroll to Top