Кирил Џајковски ќе настапи на 20-годишнината на „Битола отворен град“

Кирил Џајковски ќе настапи на 20-годишнината на „Битола отворен град“

пред 3 години

Мкедонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски е еден од најпрепознатливите балкански електро уметници кој ќе настапи на 20 годишнината на Битола отворен град. Џајковски е  познат и како извонреден автор на филмска и театарска музика. Можеби една од најпознатите соработки е онаа со режисерот Манчевски и музиката за филмовите „Прашина“ и „Сенки“,  а најновата соработка беше за филмот „Врба“.

По цели 20 години, тој во 2019 го реиздаде неговиот легендарен албум „Хоумбаунд“ (Homebound). Веќе одамна ги надмина границите на регионот и како еден од изведувачите од овие простори со убедливо најуспешна интернационална кариера, веќе ја претстави својата музика на главните бини низ најголемите музички фестивали во Европа.

Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град е традиционален уметнички фестивал кој дваесет години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Share
Scroll to Top