Киропрактичар во Србија му го скршил вратниот пршлен на пациент, a клиниката во која работел немала лиценца

Киропрактичар во Србија му го скршил вратниот пршлен на пациент, a клиниката во која работел немала лиценца

пред 2 години

Киропкратичар од Србија за време на третман му го скршил вратниот пршлен на пациент во клиниката „Баланс медика“ во центарот на Белград. Клиниката ја немала потребната лиценца, за работа објавија од Министерството за здравство на Србија, а пренесе „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Здравствената инспекција од ресорното министерство не можела да изврши контрола затоа што ѝ бил оневозможен влез во просторијата на клиниката.

Од Министерството за здравје апелираат до сите пред да се оди кај приватник, прво да проверат дали се регистрирани и дали ја имаат потребната лиценца.

За потсетување, лицето М.Џ. на 24 март годинава отишол во клиниката „Баланс медика“, во центарот на Белград да му го наместат пршленот „атлас“, а во 16:40 часот од привната клиника со кола од Итна помош бил префрлен на Институтот за ортопедија на Бањица.

Подоцна се утврдило дека за време на третманот му бил скршен вратниот пршлен, а по три ипол месеци подоцна, пациентот починал.

 

Share
Scroll to Top