Кирстен Данст и Џеси Племонс тајно се венчаа на Јамајка

Кирстен Данст и Џеси Племонс тајно се венчаа на Јамајка

пред 2 години

Актерката Кирстен Данст и актерот Џеси Племонс се венчаа на Јамајка, пренесува Page Six.

dobivaj vesti na viber

Парот, кој има две деца и се заедно шест години, се венчале во луксузното одморалиште „Голден Ај“ во Очо Риос, Јамајка минатиот викенд.

„Можам само да потврдам дека се во брак. Други детали нема да откривам“, изјави претставникот за јавноста на актерката.

Кирстен и Џеси почнаа да се забавуваат во 2016 година откако се запознаа на снимањето на „Фарго“ и се верија следната година. Тие имаат два сина, четиригодишниот Енис и едногодишниот Џејмс.

Share
Scroll to Top