Кичо Слабинац се бори за живот, приклучен на респиратор

Кичо Слабинац се бори за живот, приклучен на респиратор

пред 4 години

Хрватскиот пејач Крунослав Кичо Слабинац повторно е во критична состојба, откако кон крајот на јули бил на вградуање на три бајпаси. И тогаш медиумите шпекулираа дека се бори за живот, но најблиските демантираа, а Кичо излезе од болница.

Сепак, состојбата се влошила, поради што тој бил поврзан со апарати за дишење, пишува хрватскиот весник „Јутарњи“.

Познатиот музичар беше опериран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде не се опорави како што беше планирано, поради проблеми со заздравување на градната коска предизвикани од прекумерна тежина. После тоа, Кичо, како што пишува Јутарњи лист, добил болничка инфекција, а потоа и пневмонија.
Тој успеал да се опорави. Сепак, раната на градите повторно се отворила. Кога лекарите успешно ја залечиле раната, Слабинац повторно добил воспаление и на крајот завршил на респиратор.

“За време на овие два месеци, семејството се подготвуваше за најлошото во неколку наврати“, изјавиле пријателите на Кичо за „Јутарњи лист“. Тешко е за семејството на музичарот и затоа што не можат да го посетат поради ситуацијата со коронавирусот.

Share
Scroll to Top