Легендарниот глумец Клинт Иствуд, кој во мај наполни 90 години, ќе почне да го снима неговиот нов филм Cry Macho. Веста ја потврди и филмското студио „Ворнер брос“, кое откри дека Иствуд ќе биде режисер, главен глумец и продуцент на филмот.
Оваа авантуристичка драма ќе се базира на истоимениот роман на Ен Ричард Неш од 1975 година. Првпат беше најавено дека филмот ќе се сниме уште на Канскиот фестивал во 2011 година, но во главната улога тогаш требаше да глуми Арнолд Шварценегер.
Cry Macho раскажува приказна за поранешна ѕвезда на родео која за 50.000 долари треба да одведе мексиканско момче кај татко му во Тексас.