Сите жени кои ќе го променат полот и станат мажи во Австрија, автоматски ќе мораат да одат во пензија на 65 години. Вака одлучи Високиот суд во земјата, пренесоа тамошните медиуми.
Австријка која на 57 години го променила полот и станала маж сега ќе мора да оди во пензија на 65 години. Високиот суд констатирал дека полот ѝ бил запишан во Централниот регистар на граѓани и дека истиот важи за лицата за пензионирање.
Жената го променила полот во 2017 година. До тогаш во Централниот регистар се водела како жена и била омажена и мајка на две деца. По операцијата во Централниот регистар се води како маж.
Пред две години, кога наполнила 60 години, побарала старосна пензија. Но, од пензиското осигурување ѝ го одбиле барањето наведувајќи дека за тоа лице важи старосната граница предвидена за мажи.
Таа се жалела на судот со објаснување дека и покрај операцијата на промена на полот ги има примарните женски полови органи и типична женска деловна биографија.
Во прва инстанца, судот во Грац ѝ ја одбил жалбата, а сега тоа истата одлука ја донесе и Високиот суд во Австрија. Судовите истакнале дека старосната граница зависи од полот и дека за тоа важен е записот во Централниот регистар на граѓани.
Подносителот на жалбата укажал дека самиот го променил полот во Централниот регистар, затоа што сакал да биде третиран како маж.
Високиот суд образложил дека дури и тоа што женските гениталии не се хируршки отстранети, лицето мора да се третира како што е заведено во Централниот регистар.