„Кога се љуби“ - велешанецот Александар Ристовски промовираше нова песна со видео спот од Швајцарија

„Кога се љуби“ – велешанецот Александар Ристовски промовираше нова песна со видео спот од Швајцарија

пред 8 месеци

Велешанецот Александар Ристовски, кој зад себе веќе има неколку песни, деновиве ја промовираше најновата, со интересна комбинација од латино стил и фолк елементи, насловена „Кога се љуби“.

Александар, кој неколку години живее и работи во Швајцарија, продолжува да создава македонска музика.

Својот најнов проект го работеше со комплетен тим од Македонија. Ристовски ја компонирал музиката и го направил аранжманот за новата песна, додека како текстописец се потпишува Огнен Неделковски, а аудио миксот е деко ма Аго ДНД продукција.

За песната е снимен и видеозапис реализиран од Даниел Јовески, а кадрите од видеото се снимени во Швајцарија. Во спотот на песната се појавува убавата и шармантна, Ева Јовановска.

Видеото и оваа убава весела песна во латино стил со фолк елементи проследете ги во продолжение.

Share
Scroll to Top