Кои години се идеални за стапување во брак

Кои години се идеални за стапување во брак

пред 3 години

За да ви биде успешен и долготраен бракот, треба да имате одредени години.

Повеќето парови одлучуваат на својот брак да му дадат шанса во првите пет години од заедничкиот живот, пред да одлучат дека едноставно не оди и дека треба да се разведат.

Истражувањата покажаа дека личностите стари помеѓу 28 и 32 години поретко се разведуваат во првите години од бракот. Овие години се сметаат за идеални за стапување во брачна заедница и даваат повеќе шанси дека бракот ќе биде поуспешен.

Поранешните истражувања покажаа дека колку подоцна ќе стапите во брак, толку се помали шанси да се разведете.

Новите податоци покажуваат дека голема шанса за развод се јавува кај оние кои се венчаат како тинејџери или во раните дваесетти, како и постарите кои се одлучуваат на овој чекор околу 45 година.

Кај постарата популација со секоја година преку 45, шансите за развод се зголемуваат за по пет проценти.

Како причина за зголемената стапка на разводи кај луѓето преку 30 години, се наведуваат предиспозициите кои ги имаат овие луѓе, бидејќи добрите за брак веќе пред 30 би стапиле во него.

Share
Scroll to Top