Бесплатно пиво на плоштад за земјата што ќе победи на Светско

Кои се најголемите пивопијци во регионот?

пред 12 месеци

На Инстаграм страната „Geografski kutak“ беше споделена мапа на која се гледа кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.

Страницата секојдневно споделува интересни податоци и инфографици кои се однесуваат на географските податоци поврзани со земјите од светот и регионот.

Меѓу последните објави на оваа страница, тие на мапа претставија кои се најголемите пивопијци во регионот, пренесува „Klix.ba“.

„Бидејќи во наредните денови најверојатно ќе се испие најмалку половина од годишниот просек, моментот е погоден за оваа карта“, наведуваат во соопштението.

На картата е прикажан бројот на потрошени литри пиво по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литри пиво по жител.

На второ место е Словенија, каде во просек се пијат 69,7 литри годишно по жител. Следна е Црна Гора со 67,4 литри во просек.

Share
Scroll to Top