Колач со кокос и чоколадо

Колач со кокос и чоколадо

пред 4 години

Потребни состојки:

120 милилитри павлака
120 милилитри јогурт
240 милилитри млеко
80 милилитри масло
130 г кокосово брашно или кокосови струготини
1-2 ванилин шеќер
250 г брашно
1 лажица гриз
1 лажичка прашок за пециво

Глазура:
100 г црно чоколадо
2 лажици масло

Начин на подготовка:

Измешајте го шеќерот во малку млеко за да се стопи. Одделно измешајте ги сувите и влажните состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи, кои ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото. Печете 25-30 минути на 180 степени. Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела. Направете ја чоколадната глазура, така што ќе го стопите чоколадото за готвење со маслото на пареа. Послужете го кога целосно ќе се излади.

Share
Scroll to Top