Колач со ореви и цимет

Колач со ореви и цимет

пред 3 години

Потребни состојки:

Тесто:

1 јајце
250 гр брашно
100 гр гриз
200 мл јогурт
2 лажици шеќер во прав
50 мл маслиново масло
1 лажица путер
1 прашок за пециво
кора од лимон

Фил:

200 гр мелени ореви
2 лажици шеќер во прав
1 лажичка цимет
1 лажица павлака

Начин на подготовка:

Изматете го јајцето со жица, па додадете ги останатите состојки и и замесете тесто. Одделете една помала топка и остатокот поделете го на два дела. Првиот дел развлечете го со сукало со големина на плехот за печење и ставете го на дното. Во оревите додадете шеќер во прав, цимет и павлака. Додадете го и малото парче тесто и добро измешајте со рацете. Филот ставете го над првото тесто, па над него наредете го второто тесто. Исечете го колачот на коцки и ставете го да се пече на 180 степени 45-50 минути.

Додека се пече колачот, направете прелив од 150 гр шеќер со 100 мл вода. Додадете исечена мандарина и исцедете половина лимон. Сварете го сирупот, па изладете го и прелијте го со колачот. Оставете убаво да впие, па послужете го.

Share
Scroll to Top