Колач со цреши - Reporter.mk

Колач со цреши – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

½ чаша меко масло
½ чаша шеќер
2 големи јајца
1 лажичка екстракт од ванила
½ чаша брашно
1 лажичка прашок за пециво
½ чаша бадемово брашно
околу 25 цреши

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги брашното и прашокот за пециво. Додадете бадемово брашно и мешајте. Одделно измешајте го маслото заедно со шеќерот и ванилата. Јајцата се додаваат едно по друго. Потоа додавајте ги сувите состојки. Матете за да добиете мазна смеса. Тестото ставете го во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење. Одозгора наредете ги црешите исчистени од семките. Печете во загреана рерна на 170 степени.

Share
Scroll to Top