Колинда доби улога во хрватска теленовела

Колинда доби улога во хрватска теленовела

пред 4 години

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, се глуми себеси во ТВ-серијата „Дар Мар“ на Нова. Епизодата во која се појавува Колинда, треба да биде прикажана во јануари.

Поради договорот што го потпишала, Колинда не смее да зборува за улогата, но за „Јутарњи лист“ рекла дека си поминала одлично на снимањето.

Серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, почна да се прикажува на 5 октомври, а во неа глумат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

Иако не е познато каква улога добила Грабар-Китаровиќ, се претпоставува дека таа може да биде поврзана со ликот на девојчето Линда Гроб, која сака да се занимава со политика, а нејзин пример е претседателката Колинда, чиј постер го има на ѕидот од својата соба.

Share
Scroll to Top