Колку години затвор му се заканува на Диди доколку биде осуден?

Колку години затвор му се заканува на Диди доколку биде осуден?

пред 2 недели

Шон Диди Комбс моментално го чека судењето за обвиненијата за рекетирање, трговија со луѓе и проституција. Познатиот музички продуцент и рапер, кој во текот на неговата кариера се нарекуваше и П. Диди, Пафи и Паф Деди, беше обвинет во септември 2024 година, откако федералните власти покренаа истрага против него. Прашањето што се поставува е – колку време би можел да помине во затвор?

Судењето е закажано за 5 мај 2025 година. Поранешниот њујоршки обвинител и кривичен адвокат Пол Калан изјави за Us Weekly дека најверојатно казната е од „10 до 20 години“ доколку Диди биде осуден.

„Со оглед на сериозноста на обвиненијата, долга затворска казна е речиси неизбежна доколку биде осуден“, рече Калан. „Доколку биде осуден, тој може да очекува да го помине поголемиот дел од својот живот зад решетки. Федералните обвинители обично успеваат во повеќе од 90% од случаите што ги покренуваат, или преку признавање на вина или осуда по судење“, објаснува тој.

Калан додаде дека обвинителите „претставиле силни докази пред федералните судии дека Комбс може да побегне или да им се заканува на сведоците доколку биде ослободен“.

Инаку, Диди по трет пат се обидува да биде ослободен со кауција од 50 милиони долари, откако судиите веќе двапати го одбиле неговото барање.

Share
Scroll to Top