Бил и Мелинда Гејтс, неодамна и преку „Твитер“, објавија дека се разведуваат. Тие својот имот ќе го поделат на традиционалниот начин, а многумина се прашуваат, на кого, што ќе му припадне.
За Бил Гејтс, еден од петмината најбогати луѓе на светот, е познато дека сака да ги троши парите на непотребни работи. Покрај компанијата, тој има и приватен авион, скапи автомобили, а со Мелинда поседуваа голем број недвижности во голем број на делови од светот.
На основа на богатството, стекнато во последните година дена, како што пренесува „Бизнис инсајдер“, Бил Гејтс во една секунда заработува околу 4630 американски долари.
Тоа значи дека кога би трошел по милион долари дневно, би му требале околу 400 години, за да го потроши целото богатство. Медиумите пренесуваат дека е побогат од британската монархија и дека има повеќе пари од најбогатите Азијци.
Кога на секој човек во светот би му дал по 15 долари, на крајот би му останале 28 милијарди долари. Вилата која ја има во Медина, со поглед на езерото Вашингтон, е изградена по мерка за него и Мелинда. Станува збор за современа, екстравагантна куќа, дизајнирана од компаниите „Болин Сивинтски Џексон“ и „Катлер Андерсон архитектура“.
Вилата, покрај бројните соби, има и канцеларии за состаноци од 2200 квадратни метри и базен со подводно озвучување. Има и гаража за неколку десетина автомобили и театар во стилот на „Арт Декоа“, со дваесетина седишта.
Тука има и 2500 квадратни метри здравствени објекти, потоа теретана, сауна, библиотека од 2100 квадратни метри, спортски терени, поток преполн со лососи и пастрмки, пристаниште за чамци и приватна плажа на езерото со песок донесен специјално од островот Свети Луција.
На сето тоа е инсталирано технолошка опрема со аудио-визуелни системи, сензори, осветлување, кои се програмирани однапред и строго контролирани.
Семејството Гејтс во 1999 година, купија луксузна вила во Индијан Велс, за 12.5 милиони долари. Двојката поседува и луксузен ранч во Санта Фе, во Калифорнија, куќа на брегот на океанот во Дел Мар и имотот во Вајоминг во Велингтон.