Колумбија откри остатоци од уште два брода покрај легендарната галија „Сан Хосе“

Колумбија откри остатоци од уште два брода покрај легендарната галија „Сан Хосе“

пред 2 години

Експерти од колумбиската морнарица кои го истражуваат потонатиот шпански брод „Сан Хосе“ натоварен со богатство, откриле остатоци од уште два историски брода. Се верува дека тие потекнуваат од времето на колумбиската војна за независност пред 200 години.

dobivaj vesti na viber

„Откривме уште остатоци во истата област, кои укажуваат на нови можности за археолошки истражувања. Нашата работа само што почнува“, вели заповедникот на морнарицата, адмиралот Габриел Перес.

Галијата „Сан Хосе“ ја потопиле Британците покрај колумбиското пристаниште Картахена во 1708 година. Остатоците се лоцирани пред седум години во Карипското Море на длабочина од 600 метри. „Сан Хосе“ се опишува како „светиот грал на потонати бродови“, бидејќи превезувал едно од најголемите количества скапоцености што завршиле на морското дно.

Новите снимки даваат најјасен поглед на богатството од „Сан Хосе“, вклучувајќи златни прачки и монети. Бродот превезувал и сребро, смарагди и накит.

Share
Scroll to Top