Комбинации што можете да ги купите сега и да ги носите со години

Комбинации што можете да ги купите сега и да ги носите со години

пред 3 години

Кога одиме во шопинг сè почесто бираме парчиња што ќе можеме да ги носиме со години, а сепак никогаш да не изгледаме исто. Ова се пет стајлинзи кои лесно можат да се вклопат и со останатите работи од вашиот плакар, а притоа се доста ефектни, моментално тренди, но ќе бидат модерни и во годините кои следат.

Овие лежерни модни комбинации нималку не делуваат како нешто кое сте го смислиле за неколку минути, а нивната едноставност ќе го изведе оној вистински кежуал изглед кон кој сите тежнеат.

Кожено здолниште

Ако некое парче е клучно за сезоната есен/зима, тоа е коженото здолниште. Ова модно парче му дава елегантна нота на секој аутфит.

Пепито

Можеби потсеќа на нешто што вашата мајка или баба со задоволство би го носеле, но пепито оваа година експлодираше. Не е битно дали е класично црно-бело или пак е она во боја, битно е да е дел од стајлингот.

Комплет

Костумите во пастелни тонови секогаш ќе бидат добар избор кога се во прашање дневни модни комбинации.

Кроко

Доколку не сте забележале, комплетите се доминантни оваа година. Од времето на карантинот тоа се тренерките, отсекогаш костумите, а од скоро и кожените комплети со крокодилска шара.

Сомот

Материјалот кој ја одбележа ерата на 70-тите повторно се враќа на големата врата, а доколку не сте фан на кафените тонови, одберете еднобојна црна, која ќе му даде полуксузна нота.

Share
Scroll to Top