Комичарот Кенан Томпсон на доделувањето на „Еми“ се шегуваше на сметка на Леонардо ди Каприо за излегувањето со млади девојки

Комичарот Кенан Томпсон на доделувањето на „Еми“ се шегуваше на сметка на Леонардо ди Каприо за излегувањето со млади девојки

пред 2 години

Комичарот и водител на годинашните „Еми“ награди, Кенан Томпсон се шегуваше на сметка на Леонардо ди Каприо за неговото излегување со помлади девојки.

Тој покажа кон ѕвездата од „Еуфорија“ и „Спајдермен“, Зендаја која неодамна наполни 26 години..

„Зендаја штотуку наполни 26 години. Оваа година е чудна во добата во Холивуд. Двојно млад да глумиш средношколка, но престар за да излегуваш со Леонардо ди Каприо“, рече Томпсон, покажувајќи кон „Зендаја“, која седеше напред во публиката во првите редови.

Томпсон се пошегува само неколку недели откако светските медиуми ја објавија веста дека Леонардо ди Каприо раскина со аргентинската манекенка по нејзиниот 25 роденден.

Ова не е првпат еден водител да го исмејува Ди Каприо на доделување на награди. На доделувањето на „Златен глобус 2014“, Тина Феј исто така се пошегува со глумецот во најавата.

„И сега, како вагината на супермодел, ајде сите да му приредиме топло добредојде на Леонардо ди Каприо“, рече Тина.

Ејми Шумер (41) на годинешното доделување на Оскарите рече: „Леонардо ди Каприо, што можам воопшто да кажам за него? Тој направи толку многу за да се бори против климатските промени и остави зад себе почиста, позелена планета за своите девојки.

Share
Scroll to Top