Комичарот Ник Канон чека осмо дете, па доби подарок автомат за кондоми

Комичарот Ник Канон чека осмо дете, па доби подарок автомат за кондоми

пред 2 години

Комичарот Ник Канон доби подарок автомат со кондоми откако пред неколку дена откри дека чека осмо дете. Кенон е татко на близнаците Марокан и Монро (10), синот Голден (4), 13-месечната ќерка Квин и седуммесечните близнаци Зион и Зилион. Тој минатата недела потврди дека неговата партнерка, моделот Бри Тизи, е бремена.

Кенон, кој беше во брак со Мараја Кери, ја објави фотографијата со автоматот за кондоми украсен со голема црвена панделка на „Инстаграм“.

„Изгледа некој ми испрати ран подарок за Денот на вљубените! Автомат полн со магнуми“, напиша тој.

Ник лани во октомври откри дека го продолжува својот целибат по препорака од неговиот психијатар.

„Имам доволно деца, доволно зафрканции. Не тврдам дека сум совршен, ама ги сакам сите мои деца“, рече тој тогаш.

Во декември Ник рече дека неговиот петмесечен син Зен починал од рак, па затоа јавноста беше изненадена кога два месеца по смртта на синот, се пофали дека чека ново бебе.

Share
Scroll to Top