Насловен како „Животот е убав“, тадиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје оваа година ќе биде посветен на музиката од италијанските филмови. Ќе се одржува на 15 јуни од 21 часот. Изведбата ќе биде проследена со видеопроекции.
На програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, „Кум“, „Љубовна тема“ од „Ромео и Јулија“, музиката од филмови како „Јулија и духовите“, „Анонимен венецијанец“, „Кучешки свет” и „Животот е убав“ и компилација на теми на Енио Мориконе. Со оркестарот ќе диригира Миријан Хухунаишвили од Грузија.