Концертот на Јанг Дади се сели во „Т Арена“, новиот датум ќе биде објавен наскоро

Концертот на Јанг Дади се сели во „Т Арена“, новиот датум ќе биде објавен наскоро

пред 8 часа

Концертот на Јанг Дади, кој првично беше закажан за 12 септември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи во „Т Арена“, соопшти организаторот „Авалон“.

Точниот датум на настапот ќе биде објавен дополнително, а сите досега купени билети ќе важат и за новиот термин.

Од „Авалон“ објаснуваат дека во меѓувреме се појавиле нови можности и соработки, поради што било одлучено концертот да се пресели во поголем простор и на публиката да ѝ се понуди позначајна продукција.

„Решивме да не правиме компромис, туку да одиме чекор погоре – со поголема сала, поголема продукција и поспектакуларно шоу“, порачаа организаторите.

Јанг Дади важи за еден од најактуелните млади изведувачи на регионалната хип-хоп и трап-сцена. Голема популарност, особено меѓу помладата публика, стекна со песните „Лидија“ и „Син на мама“.

Повеќе информации за новиот датум и организацијата на концертот се очекуваат наскоро.

Share
Scroll to Top