Кортни Кардашијан се сврши по осум месеци врска иако велеше дека никогаш нема да се мажи

Кортни Кардашијан се сврши по осум месеци врска иако велеше дека никогаш нема да се мажи

пред 3 години

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (42) по осум месеци врска се сврши со тапанарот на групата „Блинк 182“, Тревис Баркер (45). Таа со години изјавуваше дека никогаш нема да се омажи, па веста дека се свршила ги изненади фановите.

Сликите од романтичното запросување со свеќи и латици од рози на плажа, Кортни ги објави на Инстаграм со порака: „Засекогаш“.

Ова ќе биде прв брак на Кортни, која имаше долга и бурна врска со Скот Дисик, со кого има и три деца. Таа и додека беше во врска со Скот велеше дека никогаш нема да се омажи. Тоа го кажа и во неколку интервјуа, но и во шоуто „Кардашијанс“ каде што беше една од ѕвездите заедно со своите сестри Клои, Ким, Кендал и Кајли.

Кортни и Тревис се долгогодишни пријатели, а во љубовна врска се од почетокот на оваа година. Тие веднаш го привлекоа вниманието на јавноста, особено со бакнежите на црвениот тепих, а често објавуваат и љубовни фотографии на социјалните мрежи. Поради Кортни, Тревис повторно почна да лета со авион, иако пред неколку години имаше авионска несреќа што ја преживеа и тогаш изјави дека веќе никогаш нема да стапне во авион.

Share
Scroll to Top